ЖРК Куманово ги пречекува ракометарките на Хелветиа Алсобендас

Ракометарките на ЖРК Куманово утре со почеток во 19:30 часот на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Хелветиа Алсобендас од Шпанија во рамките на второто коло од Европскиот Челинџ куп.

По тој повод денес првите луѓе на клубот на прес конференција ги повикаа сите кумановци во што помасовен број да ја пружат поддршката на ракометарките, со цел извојување што подобар резултат.

Претседателот на клубот, Бобан Пеовски вели дека ЖРК Куманово не може да застане рамо до рамо со шпанските ракометарки со оглед дека финансиски се помоќни и имаат поискусни играчи.

Кај нив моментално игра една бразилска репрезентативка, знаеме Бразил е бивши светски првак, имаат изванредна голманка која веќе е при крај на својата кариера, значи многу искусна голманка, Романка што брани за репрезентација на Шпанија, која диреткно со своите одбрани допринесе најмногу за освојување на бронзениот медал на Олимпијада во Лондон за репрезентација на Шпанија, значи се работи навистина за озбилна екипа, исто така има голманка, репрезентативка на Аргентина, неколку шпански младински репрезентативки, една бивша репрезентативка, така да стварно солидна екипа, али и ние сме солидни. Јас сум сигурен дека нашата екипа ќе даде се од себе да се прикаже во најдобро светло и доколку сме во можност да оствариме позитивен резултат би било стварно врвен успех за нас – вели Бобан пеовски, претседател на ЖРК Куманово.

Тренерот на ЖРК Куманово, Антонио Ивановски вели дека расположението кај ракометарките е на највисоко ниво и сите се подготвени за утрешниот натпревар.

Мора да кажам ова е празник за женскиот ракомет во Куманово, за прв пат се случува да доведеме една странска екипа, поточно од Шпанија екипа да настапува во Куманово што особено задоволство и чест што ќе имаме можност на нашите сограѓани да им ги претставиме и шпанската екипа и нашата екипа која мора да кажам дека е аматерски клуб каде се работи со срце и љубов и сите се желни да покажат дека ќе играат и ќе гинат за боите на својот клуб и на својот град – изјави тренерот Антонио Ивановски.

Раководството на клубот верува во своите ракометарки и смета дека тие ќе дадат се од себе со цел да постигнат што подобар резултат.

Расположението во нашата екипа е на многу добро ниво и форма, се надеваме на поволен резултат, ни треба малку поддршка од публиката, ние можеме да кажеме дека ќе се покажеме во најдобро светло, најдобро што можеме – изјави Маја Ивановска, ракометарка на ЖРК Куманово.

Реваншот со ракометарките од Шпнија ќе се игра веќе кон крајот на овој месец, кога ЖРК Куманово ќе гостува во Мадрид.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)