ЖРК Куманово го пречекува ЖРК Гевгелија

Ракометарките на Куманово во четврток со почеток во 19 часот го пречекуваат составот на ЖРК Гевгелија во рамките на домашната женска ракометна лига.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, а ракометарките со голема мотивираност ќе целат кон победа која дополнително ќе им го зајакне третото место во табелата.

Подготвени сме, се надеваме на добра игра, бидејќи со Вардар малку полошо игравме во одбрана, се надеваме дека ќе ги исправиме тие грешки и се надеваме на победа со поголем број на голови разлика. Веќе сме третоплсирани ова победа не ни значи многу, но сепак зошто да не победиме. Немаме шанси за второ место бидејќи изгубивме од Вардар и сите места се зацврстени во табелата, мислам дека нема место за промени. Тренинзите одат супер, сите сме редовни, се подготвуваме за натпреварот и се надеваме на победа – изјави Бранкица Марковиќ, ракометарка.

Иако,  во претходниот меч, ракометарките на Куманово беа поразени од составот на Вардар Спортски центар Јане Сандански со резултат 39:29 сега се подготвени да го пречекаат составот на гевгеличанки со својот максимум.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)