ЖРК Куманово го совлада ЖРК Гевгелија

Ракометарките на Куманово вчеравечер на домашен терен го совладаа составот на ЖРК Гевгелија со резултат 30:23 во рамките 22-то коло од домашната женска ракометна лига.

Единствено гостинот што успеа да направи во текот на целиот натпревар на почетокот на првото полувреме да бидат во водство со резултат 3:4.

Иако натпреварот беше отворен со промашувањето на седмерец од страна на домашниот тим, сепак победата не беше доведена во прашање.  Во првото полувреме гостинските ракометарки беа и во кратко водство меѓутоа избраничките на тренерот Антонио Ивановски не дозволија изненадување и на полувреме се замина со резултат 14:11. На моменти тимот на ЖРК Куманово во второто полувреме делуваше како да имаат лесен тренинг, а тоа го покажаа и со неколку спектакуларни акции и голови. Голови беа постигнати од сите позиции, а одличен настап имаа и неколку ракометарки од пионерскиот и кадетскиот погон на домашниот тим.

И на овој натпревар кај ЖРК Куманово голови постигнаа дури 9 ракометарки, а најдобар стрелец беше Бранкица Марковиќ со 8 реализирани погодоци, потоа следуваат  капитенот Викторија Пеовска со 7 постигнати гола, а за одбележување е и огромната мотивираност и тимскиот дух на натпреварот кај сите домашни ракометарки.

Третото место веќе е загарантирано, нема промени на табелата, имавме три победи до сега, зошто да не и четврта. Игравме со Металург на гости и го пречекуваме Свети Николе дома, потоа играме со Вардар и се надеваме на позитивни резултати. Како јас и целата екипа сме задоволни со третото место, можеби можевме нешто подобро да изиграме, но генерално сме задоволни – изјави Бранкица Марковиќ, ракометарка.

Следниот натпревар женскиот ракометен тим од Куманово го игра на гостински терен против   ЖРК Металург од Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)