ЖРК Куманово го совлада Пелистер

Ракометарките на Куманово вчера забележаа убедлива победа против тимот кој некогаш им беше најголем ривал.

Со резултат 41:19, битолчанки немаа никакви шанси во мечот со кумановки во рамките од 15то коло од Женската ракометна лига на Македонија.

Најефикасна во составот на Куманово беше Александра Боризовска со 11 гола, со 9 Ангела Јанкуловска, а со погодок помалку на листата стрелци се запиша Јована Кипријановска.

Во следното коло составот на Куманово го игра дерби натпреварот против Чаир, на гостински терен во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)