ЖРК Куманово директно во групите на Лигата на шампионите

Ракометарките на Куманово кои сезонава имаат најдобри успеси на домашната ракометна сцена, ќе имаат можност годинава да се натпреваруваат во Лигата на шампионите, бидејќи Металург официјално се откажа од своето учество.

Само едно место ја следува земјата во елитната конкуренција, а според пропозициите на Ракометната федерација, ќе се важат резултатите од минатата сезона кога најдобар беше Металург. Но, со оглед дека тимот се откажа од своето учество кумановки ќе се натпреваруваат во Лигата на Шамионите .

ЖРК Куманово веќе достави барање до федерацијата да биде пријавен и да го искористи местото на Металург со што директно обезбеди пласман во групите на Лигата на шампионите.

Но, таму ги очекува пеколна конкуренција и 14 натпревари. Ќе се игра во две групи по осум екипи, по што ќе следува осминафинале, четвртфинале и фајнл фор.

Според сегашните најави, натпреварите би требало да се играат за викенд со почеток во 14:00 и 16:00 часот. Деталите и конечните листи на учесниците ќе бидат познати на 1ви јули.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)