ЖРК Куманово загуби од Галичанка

Ракометарките на Куманово со два пораза против украинскиот претставник Галичанка ги завршија натпреварите на европската сцена.

Со вкупен резултат од 64-43 на двомечот во Украина кумановските ракометарки се простија од натпреварите. Клучен беше првиот натпревар во кој Куманово одигра слабо и доживеа убедлив пораз 33-17.

Во вториот натпревар избраничките на Краљевски го поправија впечатокот но повторно загубија со 31-26. Во секој случај екипата на Куманово можеби можеше и подобро да помине во европскиот циклус но реално во овој момент за посериозен резултат потребно е многу повеќе пред се на играчки план.

Екипата на Куманово ги продолжува натпреварите во домашното првенство каде се среќава со Гевгелија на домашен терен. Средбата според програмата е закажана во четврток со почеток во 19.30. Со евентуална победа Куманово ќе се зацврсти на првата позиција на табелата.

Марјан Стошевски

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)