ЖРК Куманово на реванш во Мадрид

Ракометарките на Женскиот ракометен клуб Куманово вечерва заминуваат за Шпанија каде во сабота ќе се одигра реваншот против екипата на Хелветиа Алособендас од Мадрид, во рамките на второто коло од Европскиот Челинџ куп.

Членот на Управниот одбор на ЖРК Куманово, Никица Кипријановски,   упати благодарност до публиката која во голем број дојде да ги бодри куманокви на мечот кој се одигра на домашен терен минатата недела.

Здравствениот билтен е во ред, спремните сме сите за одигрување на тој реванш што ќе се одигра во мадрид за два дена и цврство ветувам од моја страна и од стручниот штаб на ракометарките дека ќе дадеме се од себе, па сега може и да допатуваме со позитивен исход од Мадрид – вели Кипријановски.

Тренерот на ЖРК Куманово, Антонио Ивановски истакна дека е задоволен од она што неговите изабранички го прикажале на првиот натпревар и покрај тоа што го загубија мечот.

Натпреварот се некаде до средината на второто полувреме се кршеше, одеше еден до два разлика, сметам дека поголемото исксутво и поголемата физичка подготвеност на гостинската екипа го добија натпреварот. Треба да истакнеме дека на голот имаа извонредна голманка која одбрани 25-26 топки, едноставно натпреварот се одвиваше така како што се одвиваше, го загубивме, но не разочаравме и се надевам дека и во Мадрид девојчињата нема воопшто да разочараат, ќе играат растеретено. Очекуваме уште подобар натпервар таму, шанса ќе добијат сите 14 ракометарки на тој натпревар , со екипата патуваат и пет кадеткињи што беа тука на мечот со шпанската екипа, значи еден голем плус за нашиот клуб, уште млади ракометарки се стекнуваат со искуство – вели Аноптниот Ивановски, тренер на ЖРК Куманово.

Ивановски е оптимист дека градот, градоначалникот и Советот на Општина Куманово ќе смогнат сили да му помогнат на клубот за да може истиот да пружи поголемо спортско задоволство на кумановци.

Во Шпанија се надевам дека ќе го презентираме нашиот клуб, град и држава во најдобро светло. Јас лично сум оптимист и очекувам  да извојуваме победа, па ако е тоа можно и со над шест голови разлика колку што ни треба да пројдеме во третото коло од Челинџ купот – изјави Филип Додевски, член на управата на клубот.

ЖРК Куманово во четврток на домашен терен во Спортската сала во Куманово го пречекува составот на Металург во ракмите на домашното првенство, а кадетките во вторник со почеток во 20 часот во спортската сала на основното училиште „Христијан Карпош“ го пречекуваат тимот на Вардар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)