ЖРК Куманово се избори за пласман во Европа

ЖРК Куманово сезонава што измина се покажа во одлично светло во македонската Супер лига, жени и го освои високото четврто место така што успеа да се пласира во европските купови. Екипата составена од ракометарки кои што потекнуваат од младинските селекции на клубот покажа солидна игра и ги надмина конкурентите за посакуваната четвртата позиција, а исто така покажа и солиден отпор против тимовите кои што се наоѓаат на врвот на табелата и константно играат меѓународни натпревари. Клубот исто така располага со голем број на млади ракометарки кои што во наредните години стекнувајќи се со потребното искуство ќе бидат носители на играта на тимот. Од клубот на денешната прес конференција посочија дека постојат сериозни проблеми околу собирањето на неопходните финансиски средства кои се потребни за нормално претставување во Купот од Европската Ракометна Федерација и ги повикаа надлежните да им помогнат при разрешување на истите.

-Овој успех не обврзува сите нас во клубот и во наредниот период да работиме уште подобро и доколку ни дозволат можностите да постигнеме уште подобри резултати. Би се задржал и на претстојниот настап во европските купови. Имено се наоѓаме на крстпот се поставува прашањето дали ќе успееме да ги собереме неопходните финансиски средства коие се потребни конечно да можеме да одиграме меѓународен натпревар во нашата сала пред наша публика, а некако порано поради немање на доволно средства да мораме европските натпревари да ги играме само на гостински терен, вели Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово

Претседателот на ЖРК Куманово, Пеовски ја истакна и алармантно нееднаквата распределба на средствата на машките во однос на женските екипи. Покрај потребните средства за нормалното претставување во купот екипата има потреба од подготвителен период надвор од градот кој што би требало да помогне за добивање на поголема цврстина кај ракометарките. Од клубот истакнаа дека подготовки надвор од градот се клучниот фактор за намалување на повредите ракометарките во текот на сезоната.

-Што се однесува до подготовки, мора да се направат базични подготовки. Оваа година не успеавме да направиме базични подготовки, односно оваа година ги правевме овдека и мислам дека тоа се одрази на имуноста на повредите на голем дел од ракометарки. Имавме таква среќа или несреќа буквално на ниту еден натпревар не бевме комплетни и тоа зборувам за носителите на играта. Сигурен сум и во минатото се покажало дека после базични подготовки екипата е многу поподготвена.  Поинаку е кога си на страна кога сите исто се хранат, исто тренираат, под исти услови и тогаш сме сигурни дека екипата е максимално подготвена, вели Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово

Купот од Европската Ракометна Федерација ќе биде составен од 32 екипи и ќе се игра по нокаут систем, односно на елиминација по резултати од два меѓусебни дуели на екипите кои што ќе бидат извлечени со ждреб. Од клубот истакнаа дека според системот на Купот не може да добијат противник од далечните држави туку тоа ќе биде некоја екипа од државите на Балканот. Почетокот на натпреваруварите од Купот би бил во средината на септември пред почетокот на домашните првенства.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)