ЖРК Куманово со победа против ЖРК Овче Поле СУ

Екипата на Куманово продолжува со доминацијата и оствари лесна и убедлива победа против екипата над ЖРК Овче Поле со резултат од 41:23.

Куманово беше голем фаворит на овој дуел и целосно ја оправда улогата.

До крајот на првиот дел Куманово целосно доминираше и го контролираше резултатот и на полувреме имаше водство од 22:11. И во продолжението ракометарките на Краљевски ја продолжија ефикасната игра и до крајот забележаа многу убедлива победа.

Тимот на Куманово го предводеше Ангела Јанкуловска со девет погодоци, а седум гола постигна Ана Шарановиќ. Во составот на Овче Поле, Марија Анчева беше нјаефикасна со осум гола, додека Елена Вучевска постигна шест.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)