„Забавна кошарка“ за основци и средношколци

Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ утре ќе се одржи спортска манифестација насловена Забавна кошарка. Настанот го организира кошаркарскиот клуб Куманово, општинскиот Сојуз на спортови и општинскиот Сојуз на училишен спорт.

-Сакаме да направиме еден циклус на такви спортски манифестации. Ова ќе биде прво во таа низа. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта од градот, сите се поканети да учествуваат. Од секое училиште ќе бидат опфатени по пет машки и девојки, кои ќе бидат поделени во старосни категории и за нив ќе биде организирано полигон од кошаркарски елементи и психомоторички способности, задачи и натпревар во шутирање за два и три поени, малку да вршиме популаризација на кошарката и да ги запознаеме тие деца со тајните на кошарката, да бидат физички активни-посочи Мартин Атанасовски, тренер за младински категории во КК Куманово.

Настанот е планирано да започне во 13 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)