Забележителна победа на Куманово против Фени Индустри

Со резултат од 85-76, кошаркарите на Куманово извојуваа забележителна победа против тимот на Фени Индустри.

Без големи напори, домаќините го поразија тимот од Кавадарци и релативно лесно успејаа да запишат два нови бода во домашното првенство по синоќешниот натпревар.

Куманово имаше одлична игра, додека Фени со големи напори се обидуваше да го превземе водството. Разликата се движеше во просек околу десетина поени, но во ниеден случај кумановци не му дозволија на Фени да дојде под пет поени негатива.

Најбитно за Куманово во овој натревар е тоа што тренерот Тодоровиќ имаше еднаква минутажа на сите кошаркари,односно никој од нив не изигра повеќе од 23 минути.

Урош Луковиќ и Александар Костовски со по 17 поени го предводеа Куманово, додека Адам Кемп со 20 и Брендон Вуд со 21 поен беа најистакнатите кошаркари од редовите на Фени Индустри.

Со оваа победа Куманово се наоѓа на третата позција со 34 бода. Следното коло се игра веќе во недела, каде што Куманово го пречекува големиот ривал, Карпош Соколи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)