Заболените дечиња периодов да се изолираат дома, советуваат здравствените работници

Зголемен е бројот на болни и хоспитализирани деца на детскиот оддел во кумановската болница. Надлежните информираат дека со падот на темерературите се јави наплив на заболени деца од предучилишта и училишна возраст. На одделението било хоспитализирано и бебе од две недели со респираторни инфекции. Хоспитализирани се 30 деца, а останатите со поблага клиничка слика се во дневната болница. Во амбулантата дневно има до 100 прегледи.

Педијатрите советуваат заболените да се изолираат за да се спречи ширење на вирусот во колективните центри. Укажуваат и периодов да се внесува повеќе витаминска храна.

 

Коментари

коментар(и)