Забрана за движење низ шумите од 6 до 20 часот

Се воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на државата, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопштија од јавното претпријатие „Национални шуми“.

Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)