Завршен проектот за гасификација на Центарот за култура

Штом ќе се обезбедат потребните финансиски средства ќе започне да се реализира проектот за гасификација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ . Со ова ќе надмине повеќегодишниот проблем на националната установа во врска со затоплувањето на просториите со кои што располага. Според надлежните, проблемот настанал пред повеќе од десет години кога системот за греење што бил сместен во поранешниот „Текстилпромет“ во зградата „Сума“ бил украден, а оттогаш во зимските периоди не се одржуваат настани во оваа установа. Освен центарот за култура, губитници од целава ситуација се граѓаните кои остануваат скусени од квалитетна понуда на содржини од културата.

-Проектот за гасификација за парно е завршен во Центарот за култура, сега треба да ги обезбедиме финансиските средства. Имаше некои ветувања дека ќе бидат дозволени тие финансиски средства меѓутоа сега знаете со ребаланс на буџетот да видиме дали може да ги обезбедиме тие средства се со цел да започне да се реализира тој проект, бидејќи ако го завршиме тој проект сме завршиле голема работа и за Куманово и за Центарот за култура и институцијата конечно да добие затоплување . Проектот е готов,  сега само чекаме да ги обезбедиме финансиските средства. Што се однесува до Театар Куманово деновиве треба да биде предаден проектот, имаше некои проблеми бидејќи објектот е многу стар, некои пресметки од ИЗИС, од Градежниот институт, ревизија заради што се одолговлече малку поради тие некои работи, проектот сега е при крај, готов е проектот, обезбедени се 10 милиони денари од министерството за култура и мислам дека првата фаза би можела да започне во најскоро време во Театар Куманово да се реализира реконструкција и адаптација на таа зграда, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“

Во јануари годинава Владата даде согласност за реконструкција на објекти на национални установи меѓу кои и за Театар Куманово, кој функционира во состав на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ .

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)