Завршија креативните работилници на ЦИВИС

Ученици од средните училишта од градот, учествуваа на третата воедно и последна креативна работилница насловена Куманово палета на различни култури, која ја спроведува Здружението Цивис во партнерство со телевизија Плус, во рамки на проектот Повеќе култури-повеќе вредности. Целта на работилница е да се вклучат младите во промоција на културните и историските вредности, односно да се придонесе за подобро разбирање и мултикултурно живеење во градот. Од организацијата истакнаа дека се задоволни од соработката со учениците и училиштата.

-На овие работилници создадени се 20 слики од младите од градот, денеска го креираат рифлетот кој ќе биде поделен меѓу граѓаните, пред се меѓу младите во основните и средните училишта во општина Куманово.Покрај сликите кои ќе останат она што ни е најбитно е што работат деца од различни националности, етникуми кои живеат во градот и преку нив меѓусебно се запознаа се зближија, соживот, заедничко живеење и работење- истакна Анета Јордановска претседател на Здружението Цивис.

Проектот е во рамки на проектот Различноста е во мода, промоција на мултикултурализам на локално ниво, кој што го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијатива во партнерство со Флоренс Најтингел и Стопанска комора на северозападна Македонија. Истиот е обезбеден од Европската унија. Во рамки на проектот е предвидено и производство на документарен филм, кој што ќе го направи телевизија Плус.

 

Коментари

коментар(и)