Заврши евиденцијата на оштетените куќи

Заврши евиденцијата на оштетените куќи и помошни објекти во населбата „Тоде Мендол“. Според надлежните, тоа значи врз основа на фактичката состојба да се утврдат штетите односно членовите на комисијата да евидентираат што и колку има оштетено во 48 часовната полициска акција за разбивање на терористичката група.

-Самата евиденција се состоеше од евиденција на градежни објекти и движните предмети. За движните ствари само имаме сознание дека она што имало во куќите најверојатно ќе се дава некоја нивна проценка по претпоставка што е потребно за едно семејство за тие објекти, изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово

Комисиите на терен се состоеја од две екипи. Едната беше за евиденција на оштетувањата на објектите, а другата за регистрирање на бројот на семејствата кои претрпеле штети. И двете комисии броеја по пет членови. Сега е на потег Заводот за вештачење во Скопје.

-Врз основа на она што е евидентирање, а што значи вистинската проценка т.е проценка на штетата во вредности тоа ќе го заврши Заводот за вештачење кој е ангажиран од страна на Владата на РМ. Откако е извршена евиденција на штетите во соработка со претседателот на месната заедница  во соработка со месното насление се ангажираат екипите, се товари градежен шут и се носи, се расчистува теренот, изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово

Откако ќе се изврши проверка и проценка на евидентираните оштетени објекти, Владата  ќе обезбеди материјална помош во висина од 100.000 денари за секое семејство. Според првичната евиденција оштетени се 66 објекти, а од 121 до 128 семејства претрпеле штети. Сепак тоа не е конечната бројка.  Инаку, семејствата од кризното подрачје, освен од Црвениот крст, невладините организации, добронамерните граѓани, хуманитарна помош добија и од локалната самоуправа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)