Заврши кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“

Уметнички дела изработени од ученици од основни и средни училишта од Куманово денеска беа изложени на изложбата, која е завршна манифестација од имплементација на активностите од кампањата Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите, која ја реализираше Националниот ромски центар. На настанот се доделија и сертификати за ученисците во кампањата.

-Ефектот од кампањата доста е да влијаеме кон предрасудите, стереотипите во образовниот систем кои се свртени кон ромите и ромските деца а воедно преку кампањата сакаме сите предрасуди што се случуваат во образованиот систем да влијаме кон намалување-истакна Ирфан Мартез од НРЦ.

Цоки Ристовски од Секторот за култура при општината истакна дека Куманово како мултиетничка и мултикултурна средина мора да работи за зближување на граѓаните.

-Општина Куманово активно учествува со вклучувањето на учениците преку училиштата со давање логистичка поддршка на НРЦ, во смисла на просторот и активно вклучување на човечкиот ресурс, односно вработените треба да земат активно учество за подигање на свеста кај младата генерација, децата да не прават разлики меѓу етничките заедници. Ние сме од различни етнички заедници со различна култура, различни сфаќања, но мораме да се дружиме и да се зближиме.

Кампањата Доста, Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ и е поддржана од програмата на Советот на Европа.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)