Заврши кампањата „Надмини ги предрасудите“ на НРЦ

Со изложба на цртежи и креативни дела на околу 200 ученици од основните и средни училишта од градот, во кои главната порака е надминување на стереотипите и предрасудите, заврши Рома прајд или кампањата Доста надмини ги предрасудите, запознајте ги Ромите, која ја спроведува Националниот ромски центар, со поддршка на програмата Европа за граѓаните.

-Првата фаза од проектот беше работилница во која учествуваа 70 ученици и наставници по ликовна уметноста, имавме работилница со сесија за предрасуди и стереотипи и работни групи во кои ги дефиниравме паролите, изреките, цитатите кои ќе бидат користени на настанот за Рома прајд  На 7 ми октомври беше одржан настанот Рома прајд во кој исто така учествуваа по 10 ученици од секое основно и средно училиште од Куманово на кој имаше задача да напишан цитат или креативно дело- Ирфан Мартез координатор на проектот НРЦ.

Наставниците кои што учествуваа во проектот се надеваат дека ваквите настани ќе придонесат за намалување на предрасудите и стереотипите помеѓу учениците. Националниот ромски центар како членка на антирасистичко движење, веќе шеста година по ред со различни активности во октомври, ги  одбележува Деновите на ромска гордост, при што  главна тема е еднаквоста меѓу граѓаните.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)