(ВИДЕО) Заврши кумановската школа „Тинејџ перо 2021“

Заврши школата за поезија, проза и драма, насловена тинејџ перо 2021,  која втора година по ред ја организира општина Куманово. На школата учествуваа ученици од средните училишта од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Предавањата ги држеше писателот, Венко Андоновски.

-Јас мислам дека Куманово со оваа книжевна школа, не затоа што и јас сум роден овде, само роден за жал, дека Куманово е расадник на книжевни таленти. Јас работам со студенти од цела Македонија и можам да ви кажам дека добар дел  од вашите трудови се подобри од делата на моите студенти. Оваа генерација што сега расте во Куманово, книжевна генерација е неверојатна. Такви убави книжевни критики, раскази, поезија. Јас работев и претходно една година, но мислам дека оваа генерација е многу побогата –истакна писателот Андоновски.

-Наша обврска е како општина, а за тоа е информирана Фондацијата за култура и спорт  и секако со голема поддршка на Советот на Општина Куманово веќе втора година реализираме една ваква проектна активност, со многу скромни средства. Креативната мисла ни доаѓа многу често, многупати ја задржуваме а често знае и да излезе од нас, истата излегува и оди, ако некој не ја запише многу се помали можностите да остане да трае вечно. Тоа е нашата цел имаме млади, креативни луѓе кои благодарение на своите професори во основните и средните училишта се надоградуваат дополнително низ ваквите школи добиваат уште поголема можност таа креативност да ја покажат на дело-нагласи градоначалникот на Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)