Заврши манифестацијата „Месец на книгата“

Со богата културно уметничка програма која се одржа во Занаетчискиот дом, денеска заврши манифестацијата Месец на книгата, која е во организација на јавната општинска установа библитека Тане Георгиевски.  На свеченоста беа наградени најдобрите творби кои учествуваа на  литературниот и ликовниот конкурс, кој го организираше библиотеката. Благодарници добија и менторите на учениците.

-По повод Месецот на книгата што се одржува од 15-ти октомври до 15-ти ноември библиотеката согласно својата програма за работа организираше голем број на настани, меѓу кои мини саеми на книги, литературни средби со писатели, промоции на книги, различни работилници и трибини, како позначајни меѓу нив се традиционалниот литературен и ликовен натпревар, на кој учествуваа ученици од основни и средни училишта, како и овогодинешниот 16-ти општински натпревар Млад библиотекар, на кој учествуваа ученици од основните училишта до 14 годишна возраст-истакна директорот на градската библиотека „Тане Георгиевски“,  Марјан Петковски.

Овогодинешниот победник на општинскиот натпревар Млад библиотекар, ја претставуваше библиотеката на републичкиот натпревар кој се одржа на 16-ти месецов во Демир Хисар, при што го освои четвртото место.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)