Заврши обновата на канализационата мрежа во градот

Со средства од ЕУ , успешно е завршен проектот „ Проширување и рехабилитација на канализационата мрежа во општина Куманово“. Станува збор за обнова и доизградба на  25,8  километри канализациона мрежа на 54 локации во градот. Проектот е  вреден над четири милиони евра, а се  реализираше во соработка со министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е да се заштити животната средина преку намалување на загадувањето и исполнувањето на европските стандарди за третман на урбаните отпадни води.

Верувам дека со затворање на овој проект денеска ќе отпочне со реализација на нови проекти во иднина со нашите стратешки партнери, Европската унија кај што ќе го подигнеме нивото на живот во нашата општина, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Европската Унија го зголеми фондот за животната средина кој сега изнесува 113 милиони евра, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар,  потенцирајќи дека набргу ќе започне имплементација на огромен проект кој ќе биде од витално значење за целиот Североисточен регион.

– Кој ќе биде следниот проект кој ќе се реализира во Куманово не можам да кажам, тоа мислам дека во разговори со градоначалникот ќе видиме што претставува приоритет за Оптштина Куманово, меѓутоа мислам дека друг проект кој што следува, кој што ќе го покрие целиот Североисточен регион, а тоа е поврзано со менаџирање на самиот смет во оваа општина и тоа ќе биде една регионална депонија. Мислам дека тоа ќе биде еден огромен проект кој што би се реализирал, а кој што има големо значење за вашите граѓани и вашата животна средина, изјави Жбогар, изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во РМ

Според министерот за животна средина Садула Дураку, соработката помеѓу ресорното министерство и останатите чинители во проектот била на високо ниво, со што е даден придонес за ефикасно и навремено завршување на проектот.

Ќе се подобри зафаќањето на фекалните води, со изградба на приближно 26 километри канализациона мрежа, ќе се намали опасноста од излевање на отпадните води, а ќе се подобрат еколошките и здравствените стандарди на општината, изјави Садула Дураку, амбасадор на ЕУ во РМ

Присутните денеска имаа можност да проследат видео презентација за реконструкцијата и проширувањето на фекалната канализациона мрежа во општината.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)