Заврши пингпонгарската сезона 2015/16

На последниот меѓународен пинг понг турнир сезонава „Борче Кикиритков“ кој што се одржа во Штип организиран од Пинг – Понгарската Федерација на Република Македонија,  Ива Димитриевска од клубот „Куманово“ го освои првото место во категорија на јуниорки. Покрај Димитриевска на турнирот со солидни резултати се претстави и Ива Ефтимска која што во категорија на јуниорки го освои шестото место. Пингпонгарскиот клуб Куманово веќе со години има одлични натпреварувачи во женска конкуренција, а Димитриевска со последната победа на турнирот на кој што учествуваа најдобрите пингпонгарки од државата и од соседните држави ги потврди своите квалитети. Од клубот посочија дека со постигнатите резултати на овој турнир и со прикажаната игра на пингпонгарките со гостите од странство може да се забележи нивниот напредок во текот на сезоната.

-Ива Димитриевкса настапи во кадетска и во малдинска категорија. Во кадетска категорија игравме исто во финале како и во младинска. Таму го загубивме мечот така се случи гостинката од Бугарија беше учесник во двете финалиња како нашата Ива Димитриевска, еден меч изгубивме – еден добивме. Што значи во кадетска конкуренција Ива Димитревска е втора, а во јуниорска конкуренција е прво пласирана на овој турнир, вели Мики Трендафиловски, тренер на пинг понг клуб „Куманово“

Со завршување на турнирот „Борче Кикиритков“ завршува и натпреварувачкиот дел од пингпонгарската сезона. Од клубот посочија дека покрај тоа што најдобрата пингпонгарка за оваа сезона Димитриевска воспостави доминација во кадетска категорија на државно ниво има солидни резултати и на меѓународни натпревари. Од неколкуте турнири во Србија каде што се натпреваруваше Димитриевска на три од нив освои прво место, а на турнирот во Ниш несреќно испадна во четврт финалето. Исто така Димитриевска има настапи и за кадетската репрезентација на Република Македонија.

-Јас лично можам да бидам задоволен од резултат, иако сите овие резултати беа тешко стекнати бидејќи најголем наш противник се финансиските можности. Можам да кажам дека во екипна конкуренција сме трети во младинска конкуренција. Ива Димитреиевска прва рангирана кадетка во РМ, до ден денешен немаме изгубено во минатите години ниту  еден натпревар. Во игра на двојки во кадетска и младинска категорија  имаме 2 втори места. Ива Димитриевска е трето пласирана на државно првенство за младинки, а прво рангирана кадетка во сезона 2015/16, вели Мики Трендафиловски, тренер на пинг понг клуб „Куманово

Наредната сезона Димитриевска ќе настапува во јуниорска категорија така што од клубот веќе размислуваат за промените кои што треба да се случат со цел пингпонгарката да ја задржи формата и да напредува.

-Има некои работи кои мора да се средат во клубот да се договориме со Ива и со родителот дали и понатаму ќе продолжиме да работиме бидејќи сега влегува во поголема категорија каде што треба повеќе работа озбилност на тренинзи, повеќе финансиски материјални средства кои ќе ни бидат потребни. Ако сето тоа го обезбедиме и договориме очекувам да и наредната сезона биде за нас успешна, вели Мики Трендафиловски, тренер на пинг понг клуб „Куманово“

Клубот за разлика од резултатите на пингпонгарките од младите категории има проблеми со сениорската селекција која што се сели во понизок ранг.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)