Заврши проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Куманово. Со проектот кој се реализираше со финансиски средства преку инструментот на ЕУ за пристапна помош-ИПА, во вредност од 4,3 милиони евра, беа опфатени 26 километри канализациона мрежа. На овој начин нова канализациона мрежа добија жителите на Гладно поле, како и на селата Романовце, Режановце и Лопате, додека останатиот дел од проектот беше реконструкција на стари турски герези и земена на целосно неупотреблива канализациона мрежа во централното градско подрачје. Директорот на јавното претпријатие Водовод, Горан Стојановски дека е посебно задоволен бидејќи со овој проект се реши долгогодишниот проблем во Гладно поле.
-Комплетната мрежа е снимена, пред пуштање во употреба со камера, направени се приклучоци, имаме гаранција од една година, фирмата Жикол ќе биде присутна во Куманово уште една година со својата механизација и ќе интервенира секаде каде што ќе има проблем на новата канализациона мрежа тоа е исто во договорот кој што е потпишан помеѓу ЈП Водовод, Општина Куманово, Министерство за животна средина и ИПА фондови-истакна директорот на Водовод.
Стојановски изрази задоволство од соработката со фирмата изведувач Жикол, како и од фирмата Луи берже која што го изврши надзорот.
-Тргнавме првин скромно со 30.000 евра за зонирање на Куманово и откривање на загуби на вода потоа добивме околу 40.000 евра од швајцарската амбасада за изградба на наплатен центар аплициравме и на 20-ти јануари преку тендерска постапка ќе се избере фирма во вредност од милион и шесто илјади евра за замена на електронски водомери и овој процес ќе го завршиме со проектот за рехабилитација на канализациона мрежа во општина Куманово вреден околу четири и пол милиони евра со што се поставени односно рехабилитирани околу 26 километри канализациона мрежа во Куманово-посочи Стојановски.
За четири години во јавното претпријатие „Водовод“ , се внесени средства во вредност од 7, 5 милиони евра.