Заврши проектот Интеграција во основното образование

Во спортската сала на училиштата Вук Караџиќ и Наим Фрашери денеска се одржа завршна манифестација Заеднички чекориме на патот кон почит и разбирање, во рамки на проектот Интеграција во основното образование, кој го спроведува здружението Доверба. Проектот е финансиран од мировна акција и Центар за Мировни студии преку поддршка од Европската унија и ЦИВИКА Мобилитас. На настанот беа презентирани успешните резултати кои што ги дал проектот, кој има за цел да ја подобри меѓуетничката комуникација и јазничните пречки, да ги надмине стереотипите и предрасудите.

-Многу сум задоволна затоа што е заеднички позитивно завршена работа, создава чувство на меѓусебна доверба и отвора простор да можеме и понатаму сите училишта и невладини организации заедно со општината да реализираат вакви активности во кои преку мултиетнички вредности и потикнување на истите се дојде до заедница, напредок и зближување меѓу заедниците. Јас неколку пати нагласив дека Доверба започна со овие две школи во 2001 кога се работеше на посттрауматичен стрес и големо задоволство ми е што достигнав до овој степен сега да споделуваме радосни моменти, чувство на емпатија, искрено почитување на вредностите, зближување, ако ги истакнуваме вредностите кај секој и она што не зближува тогаш ќе постои комуникација ако го истакнуваме она што не разликува нема комуникација, кај секој човек има нешто различно, независно од етничка заедница, само заедно преку почитување на вредностите дојдовме до резултат заеднички слики, но најважно е што сите тимски работеа и се истакна заедништвотои поттик и понатаму да се соработува, и верувам дека оставаме простор да се прошири оваа позитивна енегија што ја даде Доверба-истакна Дивна Јанкова, Здружение Доверба.

-Од почетокот видовме дека децата имаат ентузијазам за работа зависно со нас, активностите ги завршија со позитивен резултат, многу сме задоволни од децата од Вук Караџиќ и од Наим Фрашери и од тимската работа со професорите. Очекуваме позитивно чувство и кон децата, и кон тимот кој работеше секоја активност што ја направивме заедно и се надеваме дека ова нема да биде крај туку да продолжиме заедно да работиме-посочи  Бјунина Џафери.

Во рамки на проектот беа организирани работилници за осознавање на потреба од почитување на различностите, работилници за цртање, фотографија како и литературен конкурс на тема Разликите не зближуваат.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)