Заврши проектот на ЦИД за социјално претприемништво

Проектните активности, заклучоци и препораки кои произлегоа од 15 месечниот проект “Shift – кон  oнлајн-офлајн  заедница за претприемништво” кој се имплементираше на подрачјето на Република Македонија и Република Бугарија, денеска беа презентирани на завршна конференција пред кумановската јавност, невладините организации и младите кои учествуваа во проектот. Проектот го имплементираше Центарот за интеркултурен дијалог, во соработка со Без граници 21 век од Бугарија, а е подржан од Европската унија преку ИПА програмата.

-Главната цел на проектот е да се овозможат низа работилници и едукации, платформа на која младите луѓе ќе се запознаат повеќе во врска со претприемништвото односно со социјалното претприемништво. Во низа на овој 15 месечен циклус се одржуваа најразлични видови на активности кои ќе бидат тука презентирани. Социјалното претприемништво како таква тематика е се уште ново кај нас воопшто во Македонија така што ние се трудиме преку граѓанскиот сектор исто така се вклучени и институциите што повеќе да дадеме придонес не само младите туку и пошироката популација да дознае како да се дојде до социјално претприемништво како да се отвори едно социјално претпријатие-истакна Александра Цветковска Центар за интеркултурен дијалог.

Целна група на проектот беа невработени лица од 18 до 30 години, кои бараат прво вработување, социјални претприемачи во регионот, чинители и граѓани од пограничниот регион во Бугарија и Македонија.

 

Коментари

коментар(и)