Заврши проектот ЦИД Академи

Во Занаетчискиот дом во Куманово синоќа се одржа завршен настан на проектот ЦИД Академи-Програма за млади лидери, Промовирање на младински активизам во меѓуетнички заедници, којшто го имплементираше Центарот за интеркултурен дијалог.  На настанот беа презентирани најзначајните моменти од едногодишниот проект, постигнувањата и промените кои ги спровеле младите лидери, како и  соработката со локалните институции пред се училиштата и локалната самоуправа.

-Овој процес е почнат од февруари минатата година со една обука каде што беа 20 претежно активни млади кои учествуваа порано и имаа можност на обуката во Берово да се здобијат со одредени знаења и искуства за тоа што се човековите права кој е начинот како ЦИД работи во однос на човековите права и кој е пристапот кон младинскиот активизам а понатаму зависно од нивните потреби беа спроведени во текот на летото 15 дополнителни обуки каде што тие со специфични тематски обуки можат да се здобијат со дополнителни знаења каде што во последниот дел од проектот ги спроведоа преку имплементирање на активности за застапување односно иницијативи за застапување каде и денеска ќе ги проследат гледачите-посочи Флорим Реџепи од ЦИД.

Целта на програмата којашто е долга традиција на ЦИД е на младите да им се пренесе знаење и практика, за да се креира одржлива организација и активно општество.

-Можам да кажам дека една од поуспешните активности е што сме ги реализирале во изминатаат година бидејќи навистина имаме еден голем одлив на млади во младинскиот центар мултикулти преку овој проект но имаме навистина млади кои исто така реализираат активности за нивните врсници и на тој начин го добива вистинскиот дух на активизам каде што младите работат и креираат активности за млади но и пред се не се тие активности само рекреативни туку и допираат некои прашања кои директно ги засегаат нивните потреби на тој начин и се трудат да ги застапуваат нивните права како катергории во општеството-додаде Реџепи.

На настанот присустуваа претставници од локалната самоуправа, образованието, како и бројни млади.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)