Заврши реконструкцијата на два краци од „Никола Тесла“

Заврши реконструкцијата на два краци од улицата „Никола Тесла“ во Куманово, соопштија надлежните од одделението за комунални дејности. Надлежните информираа дека е завршено со машински ископ, тампонирање и асфалтирање на краците.

Средствата за оваа намена се обезбедни од општинскиот буџет во рамки на развојната програма. На овие улици, претходно во летото заврши изградбата на канализациска мрежа на двата крака. Жителите на овие две улици, по повеќе години добија канализациска мрежа.

Од општинскиот буџет за канализациската мрежа, тогаш беа одвоени речиси милион и триста илјади денари. Во овој период соопштија од одделението за комунални дејности заврши и асфалтирањето на улицата „1“ во Долно Којнаре.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)