Заврши сезоната во фудбалските лиги

Со завршување на сезоната во фубалските лиги се сумираат постигнатите резултати. Единствениот третолигаш од градот ФК Гоблен иако го освои првото место во третата лига север во бараж натпреварите не успеа да се пласира во втората лига. ЖФК Речица оваа година со големиот број на повреди во екипата и со млади играчи остана во втората половина на женската македонска прва лига. Од клубовите кои што се натпреваруваат во Футсал лигите, КМФ Илирет Куманово остана во средина на табелата во првата футсал лига, а КМФ Биџо кој што играше со КМФ Форца во втората футсал лига го освои првото место и се пласира во повисок ранг. Во регионот на Куманово завршија и натпреварите од двете општински фудбалски лиги А и Б. Во првата општинска лига А прв на табелата заврши ФК Карпош 93 со освоени 46, а во втората најдобар беше тимот на ФК Костурник со 41 бод и се пласира за играње во поквалитетната лига наредната година. Од Општинскиот фудбалски сојуз посочија дека во двете општински лиги се забележува поквалитетна игра и етичките стандарди се кренати на повисоко ниво.

-Одиграни се 90 натпревари во кои може да се истакнат 2, 3 инциденти кои можеме да ги наречеме дека не се инциденти затоа што ги има секаде во секоја лига. Меѓутоа првенството заврши регуларно се знаат прваците. Карпош од прва лига се натпреварува во бараж за во трета лига, вели Момчило Лазаревски, претседател на натпреварувачка комисија

Во младинските категории клубовите покажаа подобри резултати. Од сојузот посочија дека младинските тимови на ФК Башкими, ФК Милано, школата за младински катефории ФК Евроспорт, но и останатите младински школи низ градот имаат одлични резултати во лигите каде што се натпреваруваат, но и на меѓународни натпревари.

-Младински категории успешно се натпреваруваат особено Милано. Милано е во врв на  младинскиот фудбал. Беа во финале на младински куп за жал од Вардар изгубија во финалето. Инаку стандардно се натпреваруваат, стандардни екипи со добри играчи, добри тренери така што единствен успех во кумановски спорт може само од тука да потекне, вели Момчило Лазаревски, претседател на натпреварувачка комисија

Во однос на дизбалансот помеѓу младинските школи и сениорските тимови од Сојузот посочија дека немањето на клуб во првата или втората лига има последици по целиот процес на развивање на фудбалот како спорт во градот.

-ФК Милано една екипа која од свои редови даде неколку играчи на Шкеднија, Пелистер на први екипи во македонија прва лига. Во Куманово не можеа да бидат задржани затоа што ние немаме клуб од прв ранг, а младинците наполнија 17, 18 години, немаа право да играат за младински екипи и останаа на цедило нема кај да играат и мораа да бараат други клубови. Има и во странство што отидоа децата од Милано и во Шкендија и тоа врвни добри играчи, вели Момчило Лазаревски, претседател на натпреварувачка комисија

Првиот фудбалски клуб ФК Куманово е оформен 1924 година, така што традицијата на играње фудбал во градот е долга 92 години и сериозно треба да се поработи на развивање на овој спорт.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)