Заврши фестивалот „Денови на комедија“

„Идиоти“ е насловот на комедијата која го затвори 18-тото издание на фестивалот „Денови на комедија Куманово 2015“. Претставата е  работена според едночинки од Муза Павлова, во режија на Мирослав Петковиќ и асистент на режија, Бојана Краљевска. Темата зборува за случки од секојдневието, односно административните лавиринти, корупцијата и манипулацијата во општеството, а сето тоа е претставено на комичен начин. Ликовите во претставата ги играат Марко Трајковиќ,  Александра Михајлова, Владо Дојчиновски и Мартин Лазаревски.  Режисерот Петковиќ истакна дека е задоволен од сработеното, но и од реакцијата на публиката.

-Ми беше стара идеа за режирање, директорот еден ден излезе со идеа дека сака комедија, му реков дека имам подготвено. Се обидовме да направиме една релаксирачка претстава која да не помине како добар виц, туку сакавме да дадеме и една критика на некои делови од општеството, навики на луѓето, нивните карактери, на ситуациите во кои што доаѓаат самите карактери-наведе тој.

Актерот Марко Трајковиќ, кој ја играше улогата на државен службеник кој издава уверенија, наведе дека аплаузите од публиката дополнително ги мотивираат.

-Можеше да помине многу подобро, на почетокот мислам дека малку посрамежливо и ние во играта, а и публиката со реакциите. Се на се мислам дека супер поминавме и дека убаво го затворивме овој наш фестивал. Претставата е за народ, да дојдат да се насмеат и самото тоа ја исполни целта која ја имавме поставено, за Денови на комедија е супер-нагласи тој.

На годинешниот фестивал кумановци имаа можност да видат петнаесет претстави од кои четири се од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово. Фествалот го отвори Нешто пропуштаме на театар комедија-Скопје, потоа следуваше велешкиот театарот со претставата „Спанаќ со пржени компири“,Продукцијата Видик од Скопје со „Ни ваму, ни таму“. “Чолак“ на Драмскиот театар од Скопје, „Премиера во сабота“ на прилепскиот театар „Марко Цепенков“.   

Кумановци имаа можност да ги проследат и претставите „Лулка“ од Штип, „Државни лопов“ на театарот од Тузла,„Чехов му кажува збогум на Толстој“ од Евробалкан Институт од Приштина, како и претстави на  Драмскиот куклен театар од Бугарија, турскиот театар од Скопје, битолскиот, охридскиот и белградскиот.

Денови на комедија и оваа година се одржа под покровителство на Министерството за култура.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)