Завршна Фемтерпрајс работилница

Од шести до осми ноември годинава се одржа завршната  Фемтерпрајс работилница каде беа презентирани бизнис концептите за социјални претпријатија на млади претприемачки од РМ и Бугарија. Работилницата е во рамките на проектот  „ Фемтерпрајс – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија  преку зајакнување на претпиемачкиот потенцијал на младите жени“.

-Проектот  од една страна има за цел создавање на социјални претпријатија во прекуграничниот регион Бугарија  и Македонија, а од друга страна има за цел да се создаде мрежа на жени претприемачи да се поврзат со ментори инвеститори и да го подмират финансирањето на проектот за создавање на социјални претпријатија , изјави Ина Попова, координатор на проектот Фемтерпрајс

Во овој проект има започнато шест проектни идеи , информира Соња Стојановска, проект менаџер на  Фемтерпрајс .

-Проектната активност траеше пет месеци подготвување каде што имавме ментори , стручен тим кој што соработуваше со проектните тимови , ги оформивме до степен  до кој што можеа да направат сопствен бизнис план за реализирање на бизнис идејата. Се надевам дека ќе ги поттикнеме и другите да размислуваат и да учествуваат во ваквата активност односно да се приклучат на нашата мрежа Фемтерпрајс, изјави Соња Стојановска, проект менаџер на проектот Фемтерпрајс

На завршната работилница на која се натпреваруваа шесте екипи со свои проектни идеи, беше прогласен победник,  а имаше и други наградени.

Според надлежните, секое социјално  претпријатие е обврзано целиот или дел од профитот да го реинвестира директно во социјалниот бизнис за негово унапредување  или во определена  социјална цел ,како што се интеграција на маргинализирани групи, центри за деца без родители, за стари лица и слично.

 

Проектот е кофинансиран од ЕУ, преку Програмата за прекугранична соработка  ИПА Интерег.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)