Младите дами нудат иновативни решенија за решавање на социјални проблеми во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија

Во текот на  изминативе три месеци учесничките во проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени”, поддржани од нивните ментори, ги оформија своите идеи за социјални претпријатија. Шест екипи се натпреваруваа за големата награда – реализацијата на нивното претпријатие.

Во почетокот на ноември тимовите  ги претставија своите концепти пред засегнатите страни и потенцијални инвеститори од регионот, а покрај прекуграничното  жири имаше тешка задача да го прогласи  најдобриот  концепт-победник. По престојната трка, жирито едногласно го избра тимот на Робин Фуд за победник. Специјалната награда на публиката за најпосакуваниот концепт во социјалните мрежи беше доделена на тимот “Заедно”.

Можете да ги видите сите претставени концепти и да дадете своја поддршка за нив ако се регистрирате како претприемач, ментор или инвеститор во онлајн Мрежата на жените-претприемачи   www.femterprise.com. Тимот на  Мрежата има потенцијал да ги соберат менторите и потенцијалните инвеститори за да создадат заемно корисни деловни односи.

Главната цел на проектот FEMTERPRISE е да се подобрат условите за бизнис развој во прекуграничниот регион преку примена на иновативен неформален пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени-претприемачи на возраст 18-29 години и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија.

Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Крајниот рок за имплементација на проектот е 15 месеци.

Проектот е кофинансиран од ЕУ, преку програмата за прекугранична соработка ИПА Интерег (Interreg-IPA CBC Bulgaria–the forme Yugoslav Republic of Macedonia Programme)

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)