Завршна Фемтерпрајс работилница

Од шести до осми ноември годинава ќе се одржи завршна Фемтерпрајс работилница каде ќе бидат презентирани бизнис концептите за социјални претпријатија на млади претприемачки од РМ и Бугарија. Работилницата е во рамките на проектот  „ Фемтерпрајс – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија  преку зајакнување на претпиемачкиот потенцијал на младите жени“, информира дипломираниот социолог Светлана Алексовска, лице за односи со јавност во проектот.

Алексовска објаснува дека секое социјално  претпријатие е обврзано целиот или дел од профитот да го реинвестира директно во социјалниот бизнис за негово унапредување  или во определена  социјална цел ,како што се интеграција на маргинализирани групи, центри за деца без родители, за стари лица и слично.

Изградба на хотел за одмор заедно со своите миленици, центар за деца каде ќе можат да го покажат нивниот талент се само дел од неколкуте бизнис концепти на младите претпримачки кои што изминатиот период се вклучени во проектот Фемтерпрајс, потенцира Алексовска.

Регистрирањето на платформата Фемтерпрајс е слободно на линкот www.femterprice.com.

Проектот е кофинансиран од ЕУ, преку програмата за прекугранична соработка  ИПА Интерег.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)