Завршни археолошки истражувања на Кокино

Кон крајот на месецов ќе започнат завршните археолошки истражувања на јужната тераса на локалитетот Кокино. По ископувањата и веројатно пронаоѓањето на последните артефакти од ова место, ќе следи оградување на мегалитската опсерваторија, најавуваат надлежните. Сите активности се дел од петгодишниот проект  на министерството за култура  насловен „Кокино-македонски бренд“.

– Она кон што ќе се стремиме оваа и наредната година ќе биде оградување на локалитетот ,  а јас се надевам дека во наредните две години на самиот локалитет веќе ќе има изградено мала сувенирница, мал музеј, мал ресторан за одмор и ќе понудиме содржини кои што се потребни за да едно место биде ставено во туристички цели, изјави Анита Цветановска, директор на НУ„Музеј“ Куманово

Поради фактот што архео -астрономскиот локалитет го посетуваат голем број  туристи од земјава и странство, надлежните донесоа одлука за наплата на  посетите .Конкретно од први август започна реализацијата на проектот за самофинансирање и самоодржливост, кој треба да обезбеди редовни приходи за подобро функционирање на локалитетот. Тоа значи дека туристите ќе добијат водич и комплетна приказна за Кокино од самиот влез на локалитетот до врвот, односно до тронот. Обиколката ќе трае околу 2 часа.

– Нашите археолози извршија обука за туристички водичи кои што се веќе лиценцирани туристички водичи , направивеме лиценци со помош на УСАИД и Владата на Швајцарија се изготвени лиценци и сертификати за водичи на самиот локалитет, а беа извршени две обуки и до моментов се лиценцирани 52 водичи кои што ќе можат да водат тури на локалитетот кокино. Што се однесува влезниците ќе бидат минимални, со цена од едно евро за домашните посетители, две евра за странците, 30 денари за деца, ученици и студенти, изјави Цветановска.

Преку проектот на УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси изминатиот период беа поставени нови патокази, информативни табли, заштитна ограда за камените тронови на локалитетот, а во функција се и мобилната  апликација за аудио водење и официјалната  веб страна на Кокино (www.kokino.mk).

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)