Завршуваат „Денови на медот“

Кумановци изминативе три дена имаа можност да купат мед и пчелни производи во рамки на традиционалната манифестација Денови на мед, која како и претходните години се одржа на градскиот плоштад. На штандовите доминираше медот на пчеларите од Куманово, но и од други градови од државата. Претседателот на Здружението Пчела, Часлав Ристовски информираше дека се задоволни од потрошувачката.

-Оваа година саемската манифестација Денови на мед помина многу добро, сите пчелари сме задоволни така што очекуваме и наредната исто да биде. Имаше доста голем интерес за пчелните продукти и добра потрошувачка, се во најдобар ред. Ова е круна на нашиот труд преку годината, празник за пчеларите. Тука сме да се дружиме со граѓаните да ги едуцираме да им понудиме пчелни производи и да им посакаме се најубаво-истакна тој.

И оваа година еден од штандовите го држеше Бранко Тасевски, кој повеќе години се занимава со производство на мед и пчелни производи. Тој се осврна и на саемот преку кој ги запознаваат граѓаните со сите пчелни производи.

-Манифестацијата е супер, ние повеќе излегуваме тука да се претставиме, да другаруваме, да ги едуцираме за пчелните производи дека е добро, корисно првин за здравје, на ова место од овие пчелари со гаранција ќе земете чист, природен мед и други производи. За жал не сме задоволни од годината, имаше климатски промени, дожд имаше често, за нас треба да има и сонце. Едноставно не сме задоволни но нема отстапки одиме напред и понатаму активно ќе се бориме за нашите ценети потрошувачи-изјави тој.

Денеска завршува тродневниот саем, на кој освен мед и пчелни производи можеше да се купат и природни сирупи.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)