Завршуваат „ Денови на медот “

82 годишниот Зико Николовски е највозрасниот пчелар кој годинава своите пчелни производи ги промовира на саемската манифестација „Денови на мед “  на градскиот плоштад. Тој повеќе од две децении одгледува пчели во селото Карабиче, но со оглед на годините Николовски максимално се труди , а веќе и успева во тоа, своето хоби и целокупното знаење околу производство на мед и другите  пчелни производи да го пренесе на својот внук, Стефан Ѓорѓевиќ.

 -Со пчели е многу убаво да работиш , релаксација е, приноси има, но пчелата не сака мрзеливи луѓе. Преку 20 години се занимавам со пчеларство,  и како пензионер го пренесувам своето знаење на внук ми. Мојата  старост ми укажува дека треба да ги намалам кошниците бидејќи не можам веќе да се грижам толку за пчелите, треба превоз, а возачката дозвола ми истекува, треба работа, благодарение на пчелите јас сум во оваа кондиција, изјави Зико Николовски, пчелар

На штандовите годинава доминира  ливадскиот  мед, а се продава по цена одредена од здружението на пчелари од Куманово. Со оглед на малите приноси цената на медот е реална, 350 денари за килограм, изјави  Станоја Ѓорѓевиќ, пчелар

Вечерва завршува дводневниот саем, на кој освен мед и пчелни производи можеше да се купат и природни сирупи од сите видови овошје произведени во Берово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)