Завршува реконструкцијата на задружниот дом во Пчиња

Нов лик добива објектот на задружниот дом во кумановското село Пчиња. Објектот треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура.

Проектот се реализира преку Центарот за развој на североисточниот плански регион во партнерство со историски музеј од Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа.

На приземјето ќе се сместат инфоцентарот за посетители, галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на вториот кат се канцеларии – административен простор на објектот.

Со реализацијата се очекува општината и регионот, значително да ги збогатат содржините на локалитетот Бислимска клисура, кој прераснува во туристичка атракција.

Коментари

коментар(и)