Задоволителни резултати од аеросолната метода

Примената на аеросолната метода првично дава резултати во намалувањето на загаденоста на воздухот во Куманово, оценува градоначалникот Максим Димитриевски, откако пред една недела започна аеросолизација на пофрекфентните улици во градот. Проектот се спроведува во соработка со Факултетот  за информатички и комуникациски технологии и Факулетот за земјоделски науки и храна, јавното претпријатие  „Чистота и Зеленило“ и надлежните инспекциски служби.

„Претходно подготвена е програма со која се спроведува аеросолизација на најпрометните места во градот и првичните резултати се задоволителни. Истражувањето ќе трае еден месец и подоцна ќе излеземе со конкретна информација за јавноста. Паралелено се врши запрашувањето на улиците и се мери нивото на аерозагадувањето пред и по прскањето “ – рече Димитриевски.

Прскањето на сообраќајниците се врши во ноќните часови од 20 до 1 часот по полноќ, со придружба на возило од МВР. Со мерката се врши зафаќање на ПМ 10 честичките кои се таложат на улиците. Доколку, крајните резултати после еден месец од примената се покажат како успешни, методата ќе продолжи да се применува и во иднина, велат надлежните,  во рамки на акцискиот план за намалување на загадувањето на воздухот на територијата на општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)