Задолжително тестирање при влезот во Грција од Македонија за оние кои патуваат со негативен тест

Патниците кои во Грција влегуваат од 16 земји меѓу кои и Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест, задолжително ќе бидат тестирани при пристигнувањето, а негативниот резултат е предуслов за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина, a објави Сител.

Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила.

Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, а отворени се сите копнени гранични премини.

Задолжителното тестирање, е само за оние кои патуваат со негативен тест, а не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци.

Коментари

коментар(и)