Заев во посета на „Тоде Мендол“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со дел од највисокото партиско раководство денеска ги посетија уништените домови на граѓаните во населбата Тоде Мендол. Иако во исклучително тешка ситуација сепак граѓаните со овации му посакаа добредојде на лидерот на опозицијата. При тоа тој изрази жалење за изгубените домови и ги повика што побегу да заборават на претпрените трауми, кои никогаш не треба да се повторат.

-Знам дека душевната болка, чувствата, траумите низ кои што поминаа луѓето овде додека се случуваа борбите никој не може да им ги надомести. Но уште еднаш само ќе повторам дека јас му горд, горд граѓанин на оваа земја заради тоа што го имаме овој наш народ, кој што е единствен, сплотен и заедно беше овде на браникот на татковината после безбедносните сили. Тоа уште еднаш потврдува дека нашиот народ без разлика на етничка припадност без оглед на верска определба тој е овде и има единствена цел подобар живот поеднакво за сите нас кои што живееме во Македонија-наведе Заев.

Тој истакна дека не може да каже дека ова е монтиран случај, туку побара истражните органи без мешање на политика да ја обелоденат вистината пред народот.  Според Заев ако безбедностните служби на Македонија биле информирани за присуството на криминалната група морале побргу да интервенираат.

Претседателот на СДСМ вети дека ќе продолжат со објавување на бомбите, но вечерва треба да одлучат од кога ќе започнаат со соопштувањата. Тој наведе дека се подготвуваат за мирниот протест кој што е најавен за 17-ти мај, но деновите треба да одлучат дали сигурно ќе се одржи на тој ден.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)