Заев : Народот е подготвен за промени

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчеравечер од Куманово започна  со серијата трибини на кои ќе ја презентира програмата пред граѓаните. Лидерот Зоран Заев од салата во центарот за култура испрати пораката дека народот е подготвен за промени за подобра Македонија. Заев потенцираше дека СДСМ е подготвен за избори на 05 јуни, но за да се одржат  регуларни, фер и демократски избори  треба да се прочисти избирачкиот список и да се работи на регулација на  на медиумите.

Пред присутните, повика да не се опструира процесот кој што го водат државните институции и  независните тела Државната изборна комисија и ИК и Специјалното јавно обвинителство.

Заев пред кумановци ја претстави изборната  програма на СДСМ која има за цел да обезбеди подобар живот за граѓаните преку промени.  Промени кои ќе овозможат надминување на сиромаштијата, повисоки плати и намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Повраток на данокот на додадена вредност , инвестирање на државата во зајакнување на домашните капацитети, просечна плата не пониска од 29 .000 денари, правично даночно оданочување, социјална пензија, се само дел од мерките кои што ги најавува СДСМ.

На трибината говореа и претседателот на комисијата за одбрана во СДСМ, Максим Димитриевски, пратеникот Љубиша Николиќ, Драган Тевдовски , Едмонд Адеми.

Социјалдемократскиот сојуз синоќа повика на почитување на еднаквоста и рамноправноста, сите граѓани на РМ без разлика на политичката, етничката и верската припадност  заеднички да се борат за подобра иднина и просперитет.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)