Заев: Срушени рекорди на странските инвестиции

„Првите економски резултати пристигнуваат, по незавршени речиси шест месеци од потпишувањето на договорот од Преспа, срушени се рекордите на странските инвестиции 624,5 милиони евра во 2018 година странски инвестиции, четири пати поголеми  од 2017, или двојно поголеми од најдобрата година од самостојноста на Македонија до сега, тоа е 2011-та година, кога биле 340 милиони странски инвестиции“ , потенцираше премиерот  Зоран Заев на вчерашната трибина „ Фер општество-шанса за сите “ што се одржа во Куманово. Заев истакна и дека расте брутодомашниот производ.

– Почнавме пред 21 месец со бруто домашен производ од -1,7 проценти , го завршивме четвртиот квартал со 3, 7 проценти. Очекуваме првиот квартал од 2019-та да го пробиеме психолошкиот плафон од четири проценти, да имаме раст. Расте индустријата, намалена е невработеноста, за една година се вработиле 26.600 граѓани и продолжуваме со тој тренд. Ова е доказ дека земјата се движи во правилна насока, дека сме ги отвориле перспективите домашните и странските инвеститори се позитивни, владеењето на правото се враќа во државата, нормализирањето на условите се враќа во државата. Доказ за тоа се економските параметри. Ве уверувам дека со тој тренд ќе ги поминеме и петте проценти БДП, ќе растат платите,  рече Зоран Заев, премиер

2018-та е завршена со шест проценти повисока просечна плата, додаде  премиерот. Тој рече дека државата ќе им помогне и на сиромашните. Ги повика сите да работат заедно, Владата, општината, приватниот сектор, за да се обезбеди поквалитетен живот за сите. Премиерот истакна дека зголемувањето на минималната плата ја покренува спиралата на зголемување на платите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)