„Заедно за граѓаните“ за Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Македонија, во понеделник ќе се одржи манифестација насловена „Заедно со граѓаните“, која што ја организира Советот на Општина Куманово. На манифестацијата ќе се одржи презентација на работата на полицијата, противппожарната единица, црвениот крст и Брзата помош. Претседателот, Максим Димитриевски информираше дека истата има за цел да ги претстави надлежностите на овие институции.

-Кога разговараме за овие институции, граѓаните ги доживуваат од лична перспектива онака како што ги гледаат, но улогата на сите овие институции е многу важна во делот на непречено функционирање на нашата општина и исклучиво во служба на граѓаните-наведе тој.

На настанот ќе биде симулирана и една сообраќајна незгода, при што ќе им се укажува помош на повредените  и улогата на полицијата и противпожарната единица.

-Нашиот заклучок е дека граѓаните ја имаат во најголем дел изгубено довербата во институциите најмалку што можеме да направиме е да работиме на враќање на таа доверба  бидејќи самите етнички, меѓурелигиски односи се на високо ниво меѓу граѓаните. Ние по 10-ти мај како граѓани на нашата општина сме уште пообединети и уште поубедени дека треба да живееме заедно, но самата манифестација ќе има за цел да ги зближи граѓаните со институџциите во делот на она што значи униформа на територија на Општина Куманово-истакна тој.

Димитриевски ги покани сите заинитересирани граѓани да дојдат на манифестацијата која ќе се одржи во понеделник, во 11 часот, во кругот на Противпожарната единица Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)