Закани до семејството на градоначалникот

На синоќешниот марш За заедничка Македонија, претседателот на здружението Бранители, Предраг Петрушевски Бинго во својот говор индиректно  упати закани до семејството на градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Излези Зоки право на тераса, погледни ја во очи македонската раса, тргни се горе пошто не ти личи, некој фамилију ќе ти гу спичи-истакна Петрушевски пред насобраните.

Првиот човек на Куманово потенцираше дека е подготвен на секакви провокации од недолични луѓе кои немаат кредибилитет ниту интегритет за дебата. Дамјановски додаде дека не е загрижен за својата безбедност и нема да поднесе пријава.

-Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам, јас сум секогаш тука, слободен, одам сам во Куманово. Мислам дека тоа е една хистерија, безобразлук на поединци кои ги користат овие комплицирни  политички услови во Македонија да го изразат својот однос кон општеството. Тоа се кукавици, луѓе кои немаат интегритет. Не сакам да коментирам за луѓе за кои недораснале да дебатираме во општеството, со такви закани се прави една бариера, интеретнички конфликт, ние влегуваме полека, но сигурно во поделба во македонското национално ткиво, а тоа е предвесник и на меѓуетничките поделби, непотребно се прави оваа тензија, проблемот со платформата е на политичка одговорност на тие што ќе ја водат државата. Сигурно знам дека сите договори се во рамки на Уставот на Република Македонија, употреба на јазиците е нешто што постои уште во 2008 година со закон кој го донесоа партиите на власт и мислам дека тие договори се нешто за кое треба да се залагаме сите, затоа што законите не се носат само за хартија туку треба да бидат применливи – изјави Дамјановски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)