Закочи доградбата на училници во „Христијан Карпош“

Деталниот и генералниот урбанистички план ја закочија доградбата на училници во основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, информираше на последната седница на Советот на Општина Куманово, директорката Лидија Костиќ.

Имено се работи за проект на кој аплицираше училиштето уште во 2014-2015-та година, а кој предвидуваше изградба на 10 училници, кои требаше да се градат на локација, каде пред неколку години беше отпочната изградба на сала.

Како што објасни директорката, по доставување на целосната документација проектот бил одборен од Министерството за образование и наука, но се јавил проблем со финансии. Новата власт, лани им соопштила на надлежните од училиштето дека се обезбедени средства за оваа доградба.

-Се јавува проблем кој со месеци не можеме да го решиме, има несогласувања меѓу ДУП и ГУП тоа е за малку простор, но се наоѓа на место кое се наоѓа под Спортската сала, а ние 2011 имавме проект доградба на Спортската сала кога не беше проблем, а сега е. Се зафати едно лице од општината, само да не се затвори предметот, ако не ги искористиме средствата до крајот на годината ќе бидат пренаменети, ќе останеме без доградба, се прави обид преку Министеството за транспорт и врски да се добие дозвола за градба и да се врзе стар предмет по стари закони, сега има нови закони како прилог да се дадат документи од Спортската сала за да можеме да добиеме дозвола да отпочне со градбата на училиштето на тој начин ќе биде решен и дворот во централната зграда кој навистина е во незавидна ситуација-истакна таа.

Директорката на Христијан Карпош, информираше дека на една од следните седници како точка на дневен ред ќе се најде и програмата за доградба на игралиште за подрачното училиште во населбата Иго Тричковиќ.

 

Коментари

коментар(и)