Закроени лозовите насади во ССОУ „Киро Бурназ“

На имтото на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот Свети Трифун во присуство на наставниците, учениците, како и локалната самоуправа и свештени лица од Кумановско-осоговската епархија.

Одбележувањето на празникот е традиција откако во училиштето е засаден првито лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.

Нашето училиште е стручно и тука имаме повеќе профили, меѓу кои и неколку профили од земјоделско-ветеринарната струка и сметаме дека поради тие причини е потребно овде да го вршиме закројувањето на лојзето. Како училиште располагаме со еден мал лозов насад кој е само за опитни цели, не е нешто економско оправдано, меѓутоа потребно за да нашите ученици ја спроведуваат практичната настава. Секоја година еве и сега овој настан го правиме со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово – изјави Весна Трајковска, директор на ССОУ „Киро Бурназ“.

Како што рече градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, лозарството е гранка која на државата и даде бренд во пошироки размери, а Куманово е познат по доброто вино и најави дека во иднина ќе се отворат неколку винарии во градот.

Ова иницијатива е преку едукација на малди кадри создадеме кадри за негување на виновата лоза, аналогно на тоа развој на винарските визби, имам најава дека овие наредни неколку години ќе се формираат неколку винарски визби во Куманово, бидејќи Куманово во минатото беше на картата на најдобри, псоебно Четирски и Никуљски дел каде имаме проценето виногорско пдорачје кое негува автотони лози, така да оваа традиција оди во насока повторно да се реинкарнира и обнови оваа гранка – изјави Дамјановски.

Како што вели Александар Арсиќ, наставник по стручни предмети во „Киро Бурназ“ оваа мерка на закројување настапува токму сега затоа што мразот ќе попушта и ќе се стоварт услови за развој на лозовите насади.

Како кроење на винова лоза е многу важна агро=техничка мерка која што овозможува правилно насочување на родот, ластарите, а исто така овозможува правилно лозјето да ја прима светлината, топлината, проветрувањето и на тој начин од 14 февруари започнува заројувањето на лозовите насади како една традиција, а во лозарството е познато дека лозарството треба да трае до започнува на протерување на окцата, некад едо 1ви април кој е последен временски род за да имаме прав развој и хранливите материи кои се користат во самата лоза и ги има складирано во земјата, да не се користат после тоа време, бидејќи со протерување на окцата и резидба во покасниот период ќе дојде до губење на хранливите материи – изјави Александар Арсиќ, наставник по стурчни предмети во ССОУ „Киро Бурназ“

Како што истакна отец Игор Здравсковски, поврзувањето на празникот со лозарите е поради тоа што со почетокот на пролетта се закројува лозјето, а празникот е пред почетокот на овој дел од годината, а за прославата на Свети Валентин вели дека во православието се празнува овој празник, но не на денешен ден.

На денешен ден не го празнуваме Свети Валентин, меѓутоа кај нас мислам дека кога почнува летото го празнуваме како светител кој што помагал на заљубените брачни парови и им давал пари на оние кои немале да направат свадба и гозба и ние го имаме свети валентин едноставно не се поклопува со нашиот календар, Свети Валентин постои и е реална личност и ние го прославуваме како светител – изјави Здравсковски.

Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето, а според народните верувања ако на денешен ден паѓа дожд, сливата ќе има добар род, снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)