, Замена на водоводна мрежа на „Никола Тесла“

Кога ќе се реши проблемот со водоводната мрежа на улица „Никола Тесла“, каде што последниве две недели имало десетина дефекти, беше прашањето упатено до директорот на јавното претпријатие „Водовод“  од советникот Благојче Јаќимовиќ. Советникот појасни дека дефектите најверојатно настануваат поради мал профил на азбестните цевки и побара општината да инвестира во овој проект, доколку „Водовод“ нема финансиска можност.

-Во тек е изработка на проект за замена на водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“.Проектот за замена на водоводната мрежа во должина од 1,2 километри, со комплет приклучоци ќе биде завршен до крајот на месецот, по што ќе биде распишан тендер за избор на изведувач на работите, изјави Горан Стојковски ,  директор на ЈП „Водовод“

Советникот Јаќимовиќ го праша градоначалникот Максим Димитриевски дали државата ,како што ветил премиерот , ќе му се оддолжи на Куманово со инвестициски бум во областа на комуналиите, здравството, образованието.

-Владата веќе започна со инвестициите во Куманово. Изградена е спортската сала на средното економско училиште „Перо Наков“ со настава на албански јазик , сместено во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Димитриевски ги потсети советниците дека Владата најавила и инвестиции во економската зона оваа година во износ од 80 милиони денари, а вкупната вредност на индустриската зона се проценува на 4,6 милиони евра.

 

Коментари

коментар(и)