Започнаа подготовките за „Европски ден на спортот 2021 во училиштата“

Општина Куманово годинава е град-домаќин на „Европски ден на спортот 2021 во училиштата“. По иницијатива и под покровителство на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевскиво соработка и поддршка на Секторот за образование при Општината, а во организација на Општинскиот сојуз на спортовиОпштинскиот сојуз на училишен спорт и Здружението на спортски педагози Куманово, вчера се одржа првата работна средба за успешна организација и реализација на активностите по повод „Европски ден на спортот 2021 во училиштата“. Овој настан традиционално се одржува во рамките на Европска недела на спортот, а оваа година манифестацијата ќе се одржи на 24 септември. На работната средба присуствуваа претставници од општинските основни и средни училишта, на која беа договорени начините на организирање физички активности и заедничка масовна организација на отворен спортски терен со ученици од училиштата. Целта е промовирање и усвојување на здрави навики кај децата, подобра емоционална состојба по пандемијата со Ковид-19, како и исполнување на потребата за другарување и социјализација. На европско ниво организатор и покровител е ЕУ, Европска федерација на спортски педагози и Унгарската Федерација на училишен спорт, а национален координатор на проектот веќе две години по ред е Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)