Започнаа уписите во средните училишта

Од денеска стартуваше првиот уписниот рок во сите средни училишта во градот кој ќе продолжи и утре. Учениците се најзаинтересирани за Гиманзијата „Гоце Делчев“ каде до 12 часот беа поднесени околу 210 апликации за упис. Денеска најмал интерес има за земјоделското училиште „Киро Бурназ“ каде пријалиле 30 кандидати, но се очекуваат поголем број на ученици во текот на утрешниот ден.

-Доаѓам од ОУ „Кочо Рацин“ и се одлучив за Гимназија бидејќи мислам дека е добро училиште, вели ученик.

Во Гимназијата „Гоце Делчев“има 374 слободни места и  предвидени се  10 паралелки и една билингвална.

-Очекуваме да ги пополниме сите слободни места затоа што интересот за гимназиско образование секогаш е голем и имаме многу заинтересирани ученици, вели Соња Тодоровска, помошник директор во Гимназијата „Гоце Делчев“.

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ до 13 часот вкупно 180 ученици поднеле документи за упис. Најголем број на ученици се заинтересирани за здравствената струка.

-Техничкото училиште е многу интересно и има интересни насоки, јас се запишав на информатика, вели ученик.

Во техничкото училиште распишани се 684 слободни места за 10 македонски и 11 албански паралелки.

-Првиот ден тече убаво и задоволни сме со резултатите. Најголем интерес има за здравствената струка и пријавени се вкупно 64 ученици, вели Катерина Пешевска, професор во техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Во економското училиште „Перо Наков“ има 714 слободни места, а денеска се пријалиле 150 кандидати за настава на македонски и 70 кандидати за настава на албански јазик. Вториот уписен рок ќе се спроведе на  29 и 30 јуни.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)