Започна издавањето на електронски здравствени картички

Стотина граѓани веќе ги подигнаа своите електронски здравствени картички  од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Куманово. Според надлежните, 5.778 кумановци кои имале поднесено барање, а досега немале добиено електронска картичка тоа можат да го сторат на шалтерите во подрачната служба секој работен ден од 8 часот и и 30 минути до 16 часот и 30 минути. Само во текот на вчерашниот ден кога и започна издавањето на картичките, биле подигнати  110  електронски картички.

Граѓаните се задоволни што конечно после подолго време од поднесувањето на барањето, ќе ги добијат своите електронски здравствени картички. на ваков начин, според кумановци ќе се поедностави работата , односно пациентите веќе ќе немаат обврска секој месец да чекаат на шалтерите на фондот за здравство за да ги подигнат т.н. сини картони.

Активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето на електронската здравствена картичка на осигуреникот во Фондот, или кај матичниот лекар. При првата употреба на картичката  кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита на електонската здрвствена картичка.

 Дополнително, Фондот направи измени и во Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и од 1 февруари 2016 година сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите.

На ниво на државата, се работи за 106.541 електронски здравствени картички за кои граѓаните имаат поднесено барање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)