Започна ликовната колонија „Карпино 2016“

16 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија ќе имаат можност наредните седум дена да творат во комплексот Грација во населбата Карпош како дел од меѓународната ликовна колонија Карпино . Колонијата се одржува по 14 –ти пат во организација на мултимедијалниот центар Карпино. Уметничкиот директор на колонијата, Мирослав Величковски смета дека уметниците ќе имаат  можност да соработуваат и да разменат искуства.

-Условите во манастирот Карпино се лоши, но тоа не е причина колонијата да не биде успешна и  урбана. Освен сликање, во рамките на колонијата ќе има и драмски вечери со изведба на претставата Госпоѓа министерка, ќе има претставници на Фото кино клубот Козјак  и слично Изјави Мирослав Величковски ,  уметнички директор на колонија „Карпино“

Дел од уметниците веќе учествувале на „Карпино“, но има и сликари кои што првпат се дел од традиционалната ликовна колонија.

– Првпат  сум на колонијата. Можам да кажам дека луѓето во Македонија секогаш се бренд. Магистер сум по сликарство, а мојот правец е експресионизам изјави Никола Марковиќ, сликар

-Тука сум заради пред се  заради пријателските  односи со Мирослав, но и да ја поддржиме  колонијата. Се претставивме со една кратка композиција, изјави  Момчило Кафанакис,  виолинист

Оваа меѓународна ликовна колонија овозможува  сплотување на различни култури од кои ќе произлезат многубројни дела. Вообичаено создадените дела  од ликовната колонија граѓаните ќе имаат можност да ги проследат на ликовната изложба која што се отвора секоја година по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово.

Наслов, Започна ликовната колонија „Карпино 2016“

Најава, Во комплексот Грација денеска беше отворена 14-тата меѓународна ликовна колонија „ Карпино“ . На колонијата ќе творат 16 уметници од Македонија, Србија , Бугарија и Романија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)